Лишен од слобода крадец во Гостивар кој бил фатен при извршување кражба во црква, а се сомничи дека и претходно вршел кражби во верски објекти.
Како што информираат од МВР, вчера (23.11.2025) во 10:30 часот во населба Циглана во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ѓ.А.(55) од село Беловиште, гостиварско.
.Тој бил затекнат при извршување кражба во манастирот „Преображение Христово“, при што одзел пари. Исто така, тој се сомничи дека дека во текот на изминатите шест месеци неколку пати извршил тешки кражби во верски објекти во Гостивар.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава









