Редовна исплата на пензиите, одлуката во Уставен суд не влијае на моделот

0
159

Редовната исплата на пензиите тече без застој и согласно предвиденото. Министерството за труд и социјална политика известува дека сите пензии се реализираат во склад со важечката законска регулатива.

Во врска со информациите поврзани со процесот во Уставниот суд, Министерството објаснува дека самото започнување на постапката не подразбира поништување или корекција на актуелните мерки.

Од таму потенцираат дека сите правни акти остануваат важечки до донесување на дефинитивна одлука од страна на Судот. „Министерството апелира до пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации.”

„Каква било евентуална промена во законската рамка ќе биде навремено и транспарентно соопштена“, се наведува во известувањето од Министерството за труд и социјална политика

Социјалната заштита и стабилноста на пензискиот фонд, како што велат од Министерството, претставуваат највисок приоритет за оваа институција.