Радев: Брза ЕУ интеграција на Македонија по внесувањето на Бугарите во устав

0
147

Бугарскиот претседател Румен Радев по којзнае кој пат ја поврза европската перспектива на Се Македонија со внесувањето на Бугарите во Уставот, оценувајќи дека овој чекор ќе го забрза патот на земјата кон Европската Унија. На средба со претставници на здруженијата на бугарската заедница од неколку македонски градови, тој порача дека очекува уставните измени да бидат завршени „што е можно поскоро“, за да нема ново одлагање на преговарачкиот процес.

„Европската интеграција на Македонија е желба на сите, но не може да се случи по цена на правата на бугарската заедница“, истакна Радев, нагласувајќи дека секоја демократска држава има обврска да го гарантира правото на самоопределување и еднаквоста на сите свои граѓани. Со ова бугарскиот претседател уште еднаш го повтори ставот дека Софија ќе го мери напредокот на Скопје и низ призмата на статусот и заштитата на оние што се идентификуваат како Бугари.