ВИДЕО| АПОКАЛИПТИЧНО НЕВРЕМЕ ЈА ПАРАЛИЗИРА ГРЦИЈА Луѓето се спасуваат по покриви, чекаат чамци

0
221

Бурата Бајрон го парализира поголемиот дел од Грција. Девет региони, вклучително и Атика, се под официјално предупредување за екстремни услови. Поплави, лизгања на земјиште и прекин на сообраќај се пријавени во повеќе подрачја.

На островот Закинтос, водата навлезе во патишта и обработливо земјиште, а сообраќајот меѓу Закинтос и Аликес е целосно прекинат. Во селото Литакија, земјата се лизга во насока на куќите. Властите ги повикаа жителите да не излегуваат, освен ако не е апсолутно неопходно.

ВИДЕО

Во Гитео, особено во селото Платанос, беше испратено итно предупредување. Водата влезе во куќи, уништи полиња и автомобили, а мртви животни пловат низ поплавените улици.

– Сцените се библиска катастрофа, целата населба беше под вода за неколку часа – изјавија мештаните за Прототема.

Фото принтскрин.