ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ШТО СТОИ ПОЗАДИ СЕТО ОВА

0
168

Цените на нафтата и втора недела по ред се движат нагоре, во умерен, но упорен раст. На светските берзи барелот сурова нафта се тргува околу 60 долари за WTI и над 63 долари за „Брент“, што е јасен сигнал дека пазарот повторно се загрева по неколкунеделниот пад.

Растот на цените втора недела по ред ја поддржува верувањето на трговците дека поради економската слабост, американската централна банка дополнително ќе ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени оваа недела, како што направи во септември и октомври.

Ова треба да го поттикне економскиот раст, како и побарувачката за нафта.

Дополнително, цените на нафтата се поддржани од геополитичките тензии, бидејќи САД масовно распоредуваат воени бродови во близина на Венецуела. Претседателот Доналд Трамп неодамна изјави дека би можел да го затвори воздушниот простор на Венецуела како дел од борбата против трговијата со дрога.

Губењето на венецуелските барели во случај на воена интервенција на САД значително би влијаело на цените бидејќи пазарот би морал да најде замена, предупредуваат аналитичарите од Rystad Energy, кои истакнуваат дека Венецуела моментално произведува околу 1,1 милион барели дневно.