СДСМ: Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата

0
247

Реакциите на директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски во врска со скандалот со семејната фирма која добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра се обид за бегање од одговорност, велат од од опозициската СДСМ, партија која обвини за скандалот.

Одбраната на Томовски е полна со контрадикторности, бидејќи тој ги потврдува семејните релации и личните податоци поврзани со фирмата, но ја негира деловната поврзаност.„Што вели Томовски сублимирано во една речница: Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата. Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени“, се вели во реакцијата на СДСМ.