Главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски не гледа потреба од анкетна комисија за кочанската трагедија додека трае судскиот процес.
Според него, треба многу да се внимава за да не се компромитираат докази и сведоци од истрагата и оцени дека две паралелни постапки не е целисходно да се водат во овој момент.
Коцевски потенцираше дека истрагата која ја водеше обвинителството била доста сеопфатна, со ангажирани многу јавни обвинители, кои донеле јавнообвинителска одлука против обвинети кои што и сега се опфатени во самото обвинение. Но, кога станува збор за нова јавнообвинителска одлука против полициските службеници, која првично требаше да биде формирана во септември, па потоа во октмоври, за да во ноември самиот Коцевски ја најави за почетокот на декември, сега јавниот обвинител не прецизираше кога би имало обвинение туку само кажа дека ќе следува наскоро.
Извор 24









