Мајките од Кочани го повикаа и Мицкоски на одговорност

0
191

Денес не видовме ништо од нашата правда. Ако не си го кажеме и нашето – толку ќе биде“.

Со овие зборови мајка на едно од загинатите деца во Кочани ја опиша денешната расправа на Постојаната анкетната комисија на Собранието за трагедијата во „Пулс“, на која дојде целиот државен врв, се фотографираа и си заминаа бидејќи биле тука – за да слушаат.

Не слушаше само пратеничката Иванка Василевска (ВМРО-ДПМНЕ), која само што почнаа побара еден час пауза, тврдејќи дека претседавачот Димитар Апасиев од Левица треба да биде изземен бидејќи не верува оти судскиот процес ќе донесе правда, така што е субјективен, а ги викнал тука за да „копа по нивната болка“, односно политички да ги злоупотребува. Таа дури понуди родителите да дојдат во нејзина канцеларија за да ги објасни намерите на Апасиев на што тие револтирано гестикулираа „не“, па по паузата и по тој срам, седна што подалеку од првиот ред.