ВИДЕО | „Чкембари“ во два часот по полноќ со огномет ги разбудија ракометарите на Вардар

0
144

Денеска од 18 часот во спортската сала„Боро Чурлевски“ се игра ракометното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар. Како и што доликува на тим кој има шампионски амбиции, „црвено-црните“допатуваа во градот на конзулите ден порано се со цел поодморени да го дочекаат мечот со „зелено-белите“.

Но сепак, сонот на вардарци им беше нарушен од „Чкембари“ кои во два часот по полноќ приредија пиротехничко шоу пред хотелот каде се сместени „црвено-црните“.

Битолчани заостануваат четири бода зад лидерот Вардар, кој има перфектен скор 15–0. Домашниот тим досега запиша две ремија и еден пораз, па затоа победата е императив доколку сака да остане рамноправен кандидат за титулата