По голем број успеси каратистот Берат Јакупи одлучи да ја заврши својата кариера

0
182

Еден од најуспешните и најценети имиња на карате спортот во земјата, донесе одлука да ја заврши својата активна спортска кариера и да се повлече од натпреварувањето, по едно исклучително патување исполнето со успеси.

Каратистот Јакупи постигна резултати од највисоко меѓународно ниво, оставајќи историски белег во македонското карате.

Главни спортски достигнувања на Јакупи

Прв на светската ранг-листа во својата категорија.
Две европски медали во сениорска конкуренција: вицешампион на Европа (второ место) и бронзена медала (трето место).
Четирикратен европски шампион во кадетска, јуниорска и У21 конкуренција.
Бронзена медала на Светското првенство У21.
Европски и Светски шампион за универзитети.
Повеќекратен балкански и државен шампион.
Трикратен „Најдобар спортист на Македонија”.
Истакнат спортист на клубот Работнички со континуирани врвни резултати.
Неговата кариера беше проследена со достојно претставување, професионална дисциплина и исклучителен придонес за развојот на карате спортот, инспирирајќи многу млади генерации.