Дали ќе има толеранција за Безбеден град се огласи ТОШКОВСКИ

0
216

Отстапките, односно толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“, ќе бидат идентични со оние што веќе се применуваат кај останатите полициски радари. Тоа значи толеранција од 6 километри на час за брзини до 100 км/ч, 8 километри на час за брзини над 100 км/ч и 12 километри на час за брзини над 200 км/ч, објави Телма

Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи појасни дека наведената толеранција се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци, но не важи во случаи кога ќе биде сторено кривично дело поврзано со сообраќајот.