Сиљановска-Давкова со новогодишна порака: 2026 да биде година на вдомување во ЕУ, со економски просперитет и здрава животна средина

0
251

Како најтемен момент на 2025 година, Сиљановска-Давкова ја издвои трагедијата во Кочани. Таа упати порака дека државата има обврска да обезбеди правда за жртвите и за нивните најблиски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својата честитка по повод Новата 2026 година, упати желби за траен светски мир и интеграција на земјата во Европската Унија. Таа ја оцени изминатата 2025 година како период на длабоки глобални промени, но и почеток на клучни домашни реформи.

Претседателката се осврна на тешката меѓународна ситуација во годината што изминува, споменувајќи ги драматичните војни, суспендирањето на меѓународното право и енергетските кризи.

„Сакам ние да се вдомиме во Европската Унија, решени да живееме во амбиент на владеење на правото, демократија, економски просперитет и здрава животна средина“,

порача Сиљановска-Давкова.