Трагедија во гостиварско: 69-годишник го загуби животот при превртување на трактор

0
221
Screenshot

Тешка несреќа со смртни последици се случи вчера попладне во гостиварското село Долна Бањица. Според полицискиот билтен, 69-годишниот М.К. починал на самото место откако се превртел со тракторот што го управувал.

Несреќата била пријавена во 15:15 часот. Возачот, управувајќи трактор „ИМТ“ со приколка, изгубил контрола врз машината, по што таа се превртела.

Екипа на Итната медицинска помош веднаш пристигнала на терен, но лекарот за жал можел само да констатира смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.