Повеќе автомобили, но постари. Тоа е сликата на македонските патишта во последната деценија. Иако бројот на регистрирани возила е речиси двојно зголемен, просечната старост на автомобилите расте и денес изнесува речиси 20 години, пишува ТВ 24
Во последните десет години, над 80 проценти од увезените автомобили биле половни. Годинава, на еден нов автомобил доаѓаат дури три и пол употребувани. Само за 11 месеци се увезени над 41 илјада половни и околу 12 илјади нови патнички автомобили.
Истовремено, вкупниот број на регистрирани возила е зголемен од околу 350 илјади во 2012 година, на речиси 700 илјади во 2024.
Но, наместо подмладување, флотата старее – просечната старост пораснала од 15,7 на 19,4 години. Речиси 88 проценти од автомобилите на патиштата се постари од 10 години, а само 1,8 проценти се не постари од две години.
Извор тв 24









