Филипче ја одби идејата за лидерска средба – Мицкоски: Можеме и без вас, ама сакаме процесот да биде сеопфате

0
276

СДСМ се спротивставува на идејата за состанок на лидерите. Претседателот на социјалдемократите, Венко Филипче, рече дека нема да бидат дел од сценарио кое создава алиби за предвремени парламентарни избори. Тој додаде дека Техничката Влада мора да остане, бидејќи власта на ВМРО и на другите, според него, ја узурпирале целата власт, како судството така и обвинителството.

„Нема да одржиме состанок за техничката влада! Мицкоски е заглавен, брза и бара алиби за прогласување предвремени избори. Ова е сценарио планирано минатата година, кое јас и СДСМ го откривме и го објавуваме отворено веќе два месеца. Предвремени избори и примање на мигранти за пари. Нема пари во буџетот, власта брза да прима мигранти, да земе кредит од 6 милијарди евра, и по 20 илјади фунти за секој примен мигрант, како што објавија британските медиуми“, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче