Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека распиша меѓународна потерница по Саит Саитов, 18-годишното момче кое со автомобил прегази и усмрти 79-годишна жена во скопската населба Капиштец, по што избега од местото на несреќата, а наскоро и од државата, со помош на татко му и неколкумина помагачи.
„Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, пишува во полициската потерница.









