(ФОТО+ВИДЕО) Уапсен е српски државјанин што со камион се обидел да пренесе 5 050 штеки цигари на ГП „Стар Дојран“

0
112

При извршен преглед на полуприколката, со помош на специјален уред – ендоскоп е откриен скриен бункер, во кој се пронајдени вкупно 5 050 штеки, од кои 800 се штеки со цигари, а 4 250 со електронски цигари

Лишен е од слобода српски државјанин што со товарно возило марка „ман“ со полуприколка „шмитц“ се обидел да пренесе 5 050 штеки цигари на граничниот премин „Стар Дојран“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Акцијата вчера попладне ја реализираа полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Стар Дојран“ во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс.

„Лишен е од слобода М. Г. (56) од Република Србија, кој управувал товарно возило марка ‘ман‘ со полуприколка ‘шмитц‘ со српски национални ознаки“,

велат од полицијата.

Граничната контрола утврдила дека е фалсификуван ВИН-бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола.

„При извршен преглед на полуприколката, со помош на специјален уред – ендоскоп, пронајден е скриен бункер, во кој се пронајдени вкупно 5 050 штеки, од кои 800 се штеки со цигари, а 4 250 се штеки со електронски цигари“,

се вели во полицискиот извештај.

Ова се фотографии од вчерашната акција за спречен шверц на штеки цигари од страна на припадници на МВР:

Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот, против возачот на камионот ќе бидат поднесени кривични пријави за фалсификување исправа и криумчарење акциска стока.