Нема да има уставни измени без гаранции и без права на Македонците во Бугарија!

0
149

Нема да има уставни измени се додека Македонците во Бугарија не ги добијат загарантираните права согласно меѓународното право и меѓународните конвенции и додека не се добијат гаранции дека во иднина земјава нема да се соочува со опструкции и блокади од субјективни причини, порача премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеникот од Европскиот фронт, Скендер Реџепи. Мицкоски повтори дека додека е тој премиер, уставните измени нема да се случат, ако не бидат исполнети овие два услови.

– Уставни измени нема да има додека сум јас претседател на Владата, ако не бидат исполнети минимум два услови. Првиот услов е македонската заедница во Бугарија да ги добие загарантираните права согласно меѓународното право и меѓународните конвенции и резолуции за човекови права. И второ додека не добиеме гаранции за нашиот идентитет македонски за којшто од вас очекувам поддршка како мој сограѓанин, мојот македонски јазик, дека повеќе нема да има билатерални вета и дека нема никој повеќе оваа држава којашто многу пати покажала и докажала дека сака да биде дел од европското семејство понела жртва како ниту една држава и овој народ, овие граѓани како ниту едни граѓани од Европа поднеле жртва, дека нема повторно да има нови омаловажувања, нови понижувања и нови опструкции од било кој од субјективни причини, рече премиерот Мицкоски.