ССМ донесе одлука: Идниот вторник ќе се блокираат пратениците, потоа и работодавачите

0
196
CjQKMFNuYXBjaGF0LzEzLjc1LjAuNDcgKGlQaG9uZTE2LDI7IGlPUyAyNi4yOyBnemlwKSAC

Игнорантскиот однос кој го покажуват пратениците кон работниците, токму кон оние кои ги бираат за да седат во удобните пратенички фотелји и да ги уживаат бенефициите, предизвика да преминеме кон втората фаза за зголемување на работничките плати, рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ

Вчера истече рокот што го дадоа работниците за да се направат брзи измени на Законот за минимална плата со цел таа да се зголеми на 600 евра и сите други плати за најмалку 6.000 денари и затоа Претседателството на ССМ донесе одлука за преземење на идни чекори, најави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, на денешната прес-конференција.

Игнорантскиот однос кој го покажуват пратениците кон работниците, токму кон оние кои ги бираат за да седат во удобните пратенички фотелји и да ги уживаат бенефициите, предизвика да преминеме кон втората фаза за зголемување на работничките плати. Претседателството на ССМ кое е во постојано заседавање, по одржување на седницата на Советот на ССМ за организирање на протести, блокади и штрајкови одржа седница на која одлучи на 10-ти февруари да го блокираме Собранието, да ги блокираме пратениците кои нема да можат да наплатат патни трошоци, а ќе треба да поминат покрај работниците и да им кажат зошто тие ќе имаат право на зголемување на нивните плати, а го чуваат во фиока предлогот на ССМ за зголемување на платите на работниците – рече Трендафилов.