ТЕТОВСКИТЕ УЛИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ НОВИ ИМИЊА НАЈАВУВА ОПШТИНАТА

0
195

Заменик-градоначалникот на општината Тетово, Алби Ќамили, објави дека започнала со работа Групата за преименување на улиците во градот.

Ќамили е назначен и за претседател на оваа група.

Ќамили објави дека на првиот ден од ангажманот ја примил документацијата и материјалите од претходната група, запознавајќи се детално со досегашната работа.

Тој нагласи дека процесот ќе продолжи врз основа на сработеното, но и земајќи ги предвид предлозите добиени од граѓаните.

Имињата на улиците во Тетово треба да го одразуваат идентитетот и реалноста на градот“, нагласи Ќамили.

Според него, целта е овој процес да се заврши што е можно поскоро и со сеопфатен пристап.