Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно алудираше дека „воената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово е насочена исклучиво против Србија“, додавајќи дека во случај на ескалација на конфликтот со Русија „не се знае кои и колку војници ќе мора да одат на источниот фронт“, а Србија како неутрална држава, според него, би била „изложена на притисоци од неименувани сили кои би сакале да ја прегазат“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека неговиот прв впечаток од годинашната Минхенска безбедносна конференција е дека „сите зборуваат дека сакаат мир, а всушност сите го сакаат поразот на другата страна“, додавајќи дека наводно Србија добила дозвола од „една моќна земја да се вооружува со нејзините ракети“, пренесе „Нова“.









