„Не е прашање како дрогата излегла од Македонија, туку како влегла во Србија“, вели Тошковски

0
148

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, синоќа даде појаснување околу случајот со петте тони марихуана запленети во Србија, нагласувајќи дека фокусот на истрагата не е на излезот од Македонија, туку на тоа како дрогата влегла на територијата на соседната држава.

„Согласно договорот ‘One Stop Shop’ со Србија, секоја страна ја контролира својата надлежност: Македонските полициски службеници го штитат влезот во Македонија, додека српските го контролираат влезот во Србија. Значи, не е прашањето како излегло од Македонија, туку како влегло во Србија. Ова е во надлежност на МВР, додека надлежноста на другите институции ќе ја утврдиме во текот на истрагата“, изјави Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ21.

Министерот потенцираше дека соработката со српските власти е во рамки на договорот и дека континуирано се водат заеднички активности за утврдување на целокупниот пат на дрогата и идентификување на сите лица и структури поврзани со нелегалниот промет.

Тошковски додаде дека МВР продолжува со засилени контроли и активности на граничните премини со цел спречување на слични случаи во иднина и обезбедување на континуирана безбедност на државната територија.