Груби спроведен во затворот во Шутка

0
108

МВР официјално потврди дека е уапсен екс првиот вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, Артан Груби..

Поранешниот прв вицепремиер во владата на СДСМ и ДУИ, Артан Груби е спроведен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

– Лицето кое утринава беше приведено на граничниот премин Блаце од страна на полициски службeници е предадено кај нас. Приемот во затворот е извршен согласно сите процедури, потврдил за Курир директорот на затворот „Скопје“, Бобан Утковски.