Пратениците од Левица со транспарент „НАТО убива за профит“ го пречекаа Марк Руте во Собранието

0
176

Пратениците од Левица денеска со транспарент го пречекаа генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при неговата посета на Собрание на Република Македонија.

На транспарентот, кој беше истакнат од пратениците на партијата, стоеше пораката „НАТО убива за профит“. Од Левица соопштија дека на овој начин симболично го изразиле својот став и противење кон политиките на Алијансата.