Нова трагедија: 10-годишно дете загина по пад од тераса во Тетово

0
184

Уште една трагедија денеска ги потресе граѓаните по веста дека утрово загинало 10-годишно дете по пад од тераса во Тетово.

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница“ соопшти СВР Тетово.