Шест македонски државјани од Израел ќе бидат евакуирани со владиниот авион – итна набавка на чартер летови

0
82

632 македонски граѓани од Блискиот Исток чекаат да бидат евакуирана од македонските власти. 6 од нив во земјава ќе бидат транспортирани со владиниот авион, останатите ќе летаат со чартер- летови – откако ќе заврши владината постапка за јавната набавка за организација на овој транспорт.

За реализација на услугата државата ќе одвои 60 милиони денари

Министерство за надворешни работи

– Во фаза на финализирање на техничките и логистичките детали за организација на чартер-летови. Целта на Министерството е, во координација со властите во Обединетите Арапски Емирати и Катар, да обезбеди неколку чартер-летови за евакуација на пријавените лица.„Имајќи ја предвид итноста и фактот дека безбедносната состојба тековно се менува, постапката ќе се спроведе согласно Законот за јавни набавки, со примена на скратени рокови предвидени за вакви ситуации.

 

Интересот за евакуација од Емиратите од македонските граѓани постојано расте. Досега 477 лица побарале помош од македонските власти да се вратат во Македонија.

Еден од нив е и Николај Павловски од Куманово кој работи во Дубаи. Идејата за чартер летови засега е ризична со оглед дека небото над емиратите се уште е небезбедно, раскажува Николај за ТВ 24.

Помош за евакуација од Катар бараат и 136 македонски граѓани.

Во едно од најголемите жаришта Израел пак 6 лица на сопствен трошок одлучиле со комерцијални летови да заминат во Скопје, останатите 6 нашинци со асистенција на амбасадите – во текот на денот ќе бидат транспортирани по копнен пат од Израел во Египет.

Тие ќе бидат сместени на безбедна локација, а се очекува во текот на утрешниот ден со владиниот авион безбедно да полетаат кон Скопје, инфомираа од Министерството за надворешни работи

Во меѓувреме македонски граѓани од Израел одлулиле да се евакуираат со авион на Ер Србија. Како што информираа од српското Министерство за надворешни работи – ноќеска во Белград слетал државниот авиопревозник со 67 патници меѓу кои имало и македонски државјани.