Турција тврди дека не била цел на иранската ракета соборена од системите на НАТО над источниот Медитеран, наведувајќи дека ракетата веројатно била насочена кон грчкиот дел од Кипар.
Турски функционер денес изјави дека Турција „не била цел“ на ракетата лансирана од Иран, која беше соборена од системите за воздушна одбрана на НАТО додека се движеше кон турскиот воздушен простор.
„Веруваме дека Иран целел база во грчки Кипар, но таа отстапила од својот курс“, изјавил турски дипломатски функционер, според „Катимерини“.









