Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека новиот ирански лидер доколку не добие одобрение од САД, нема да трае долго.
Тој ќе мора да добие наше одобрение. Ако не добие наше одобрение, нема да трае долго. Сакаме да бидеме сигурни дека нема да мора да се враќаме на ова на секои 10 години, кога нема да има претседател како мене кој е подготвен да се справи со тоа. Не сакам луѓето за пет години да мораат да се враќаат и повторно да го прават истото, или уште полошо, да им дозволат да добијат нуклеарно оружје, рече Трамп во изјава за Еј Би Си Њуз.









