Анима Мунди“: Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје

0
196

Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје, реагираат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“. Во пресрет на новото судско рочиште за случајот со закланите коњи во Зоолошката градина Скопје од јули 2022 година, кое како што информираат, треба да се оддржи денеска во 10:30 часот, здружението испратило барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до ЗОО Скопје и до Државното правобранителство.

„Со барањата побаравме одговор , меѓу другото, на едно суштинско прашање: Чии се коњите кои биле одземени од сторители на кривични дела, ставени под институционална грижа и потоа заклани? Покрај конкретните прашања поврзани со самиот случај, испративме и генерички, системски прашања за правниот статус на одземените животни -кој е нивниот сопственик, кој е одговорен за нивната благосостојба и кој се смета за оштетена страна кога такви животни се убиваат. Ниту едно прашање од овие барања не е одговорено“.

Ова молчење, како што велат е особено загрижувачко затоа што не се бараат информации што би ја попречиле судската постапка. Напротив, според нив, станува збор за основни прашања од јавен интерес за функционирањето на системот.

„Ако институциите не можат или не сакаат да одговорат чија сопственост се животните што државата ги одзема, тогаш се отвора опасна правна празнина: дали е можно живи суштества да бидат одземени од криминал, ставени под институционална грижа, а потоа да се третираат како ничии , да си ги примопредаваат како ќе им текне и за која и да е намена-невидливи и без правна заштита? Ако нема сопственик, тогаш „нема оштетена страна”. А ако нема оштетена страна, тогаш малтене нема ни штета. Со други зборови, животните стануваат правно безвредни, велат од Анима Мунди