Од 2006 до 2026 година во Македонија се доселени 16.589 лица од Турција, а во Турција од Македонија се иселени 1.244 наши граѓани. За овие дваесет години Македонија има 15.345 турски државјани повеќе од 2006-та година.“ – објави „Курир.
Натаму порталот пишува: Кај Турците, иселени по Првата Светска Војна и особено по Втората, сеќавањата за Македонија и одржувањето на врските со државата и љубовта кон неа беа на исклучително високо ниво. Тие никогаш не ја заборавија Македонија.
На пописот во 1913 година на територијата на денешна Македонија живееле 209 илјади Турци, а на пописот во 2002-та само околу 77 илјади. Последниот попис во 2022-та содржи бројки од околу 73.000 граѓани кои се изјасниле како Турци, објави „Курир“.









