Стојкоски: За четири дена направивме 250 контроли, 26 бензински немаа гориво

0
211

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, во изјава за „Слободен печат“ вели дека инспекторите постојано ја контролираат работата на бензинските пумпи и дека ќе продолжат и во наредниот период.

Во четвртокот, петокот, саботата и во неделата направивме 250 контроли на бензински пумпи. Кај 25 или 26 бензински пумпи е забележано дека немаат бензин или дека точат до одреден лимит. Кај тие што немаа бензин, забележавме дека повторно точеа по три до четири часа, откако направија надополнување со бензин. Ако имаат на залиха бензин, тие мора да точат бензин – вели Стојкоски.

Тој објасни дека ограничувањето на количините е според Законот, односно дека регулативата тоа го дозволува во услови на зголемена побарувачка.