Министерот Тошковски барал да се отвори истрага за шемата со лажни боледувања во МВР

0
193

Констатацијата дека полициските службеници често и лажно се правеле болни, како и дека секое петто боледување во Министерството за внатрешни работи е лажно, за првиот човек на МВР е катастрофална.

Истрагата која, како што вели Тошковски била иницирана на негово барање сè уште не е затворена и тој прстот го впери и во лекарите.

По утврдените неправилности во издадените боледувања во МВР од страна на Фондот за здравство, денеска на прашање на 24 дали ќе следуваат нови контроли во други институции, но и што конкретно ќе се менува во системот за да се спречат вакви злоупотреби во иднина, Клековски рече дека контролите се редовна активност единствено по барање на работодавачите.

Истрагата која покажа дека од 500 боледувања кај вработени во МВР дури 80 од нив се добиени со неправилности ја подели јавноста.

Додека едни велат дека дел од боледувањата биле оправдани, други тврдат дека се злоупотребувал целиот здравствен систем и дека полицајците се тие што се платени да ловат криминалци, а не самите да прават криминал. Инаку, за утврдените прекршоци веќе се покренати постапки за казни во вкупен износ од околу 1,2 милиони денари