ФОТО Стојанче Јовановски се смешкаше во судница додека обвинителката Адела Бојчевиќ читаше како ја малтретирал Ивана, а потоа почна да плаче кога го прашаа дали е виновен

0
459
Screenshot

Стојанче Јовановски денеска седна на обвинителна клупа во скопскиот Кривичен суд. Тој се товари дека ја навел на самоубиство својата сопруга која се обидувала да се разведе од него Ивана, а чиј живот оконча заедно со животот на шестгодишната ќерка Катја, со пад од тераса во скопската населба Тафталиџе на 2 март годинава. Судијата кој го води предметот е Ивица Стефановски.

Јовановски рече дека не разбира зошто е обвинет за „наведување на самоубиство“, а за првите две дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“ разбира зошто е обвинет и ги признава. Судијата уште еднаш му го прочита диспозитивот на обвинението за „наведување на самоубиство“, по што Јовановски разбра зошто е обвинет, но тоа кривично дело не го призна. Рече дека „Мартин Саздов му се заканувал и го присилувал да даде признание на вина за сите три кривични дела“.  Рече дека здравствената состојба не му е добра, барал да оди на психијатар, еднаш го однеле, го вратиле и толку – и уште е држен во самица во Шутка.