Стојанче Јовановски денеска седна на обвинителна клупа во скопскиот Кривичен суд. Тој се товари дека ја навел на самоубиство својата сопруга која се обидувала да се разведе од него Ивана, а чиј живот оконча заедно со животот на шестгодишната ќерка Катја, со пад од тераса во скопската населба Тафталиџе на 2 март годинава. Судијата кој го води предметот е Ивица Стефановски.
Јовановски рече дека не разбира зошто е обвинет за „наведување на самоубиство“, а за првите две дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“ разбира зошто е обвинет и ги признава. Судијата уште еднаш му го прочита диспозитивот на обвинението за „наведување на самоубиство“, по што Јовановски разбра зошто е обвинет, но тоа кривично дело не го призна. Рече дека „Мартин Саздов му се заканувал и го присилувал да даде признание на вина за сите три кривични дела“. Рече дека здравствената состојба не му е добра, барал да оди на психијатар, еднаш го однеле, го вратиле и толку – и уште е држен во самица во Шутка.









