Ахмети: Кој го чепка албанскиот јазик, го чепка самиот темел на државата

0
476

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ најави дека е можно актуелниот претседател на Србија Александар Вучиќ, на вонредните парламентарни избори, повторно да се кандидира за премиер.Ние од СНС се надеваме и ќе разговараме со него. Тоа на крај ќе биде негова одлука но ќе разговараме со него и ќе го молиме тој да биде наш кандидат за претседател на владата. Дали ќе сака или не, ќе видиме“, рече Брнабиќ во интервју за РТС.

Вучиќ кој го завршува вториот претседателски мандат, според Уставот на Србија, нема право да се кандидира за нов трет мандат.

Според него, постојат теми што не се ниту „сопственост на партиите, ниту предмет на политички натпревари, туку дел од нашиот заеднички договор да живееме заедно, како еднакви во рамноправна и европска држава“. Едно од тие прашања, како што вели, е статусот на албанскиот јазик како официјален јазик.

 

„За мене, еднаквоста никогаш не била слоган. Таа е непроменливо политичко и морално убедување. Државата не станува силна кога едната страна се чувствува супериорна, туку кога секој граѓанин и секој народ се чувствуваат почитувани, признати и достоинствено претставени. Точно тука е значењето на јазикот: тој не е само средство за комуникација, туку израз на идентитет, достоинство и уставна еднаквост. Албанскиот јазик за мене не е и никогаш нема да биде предмет на преговорање. Јас го кажав и ќе го повторувам без никаква резерва: Охридскиот договор е темел на оваа држава и кој го доведува во прашање, ја доведува во прашање самата иднина на државата. Албанскиот јазик не е привилегија, туку стекнато право загарантирано со Уставот. Секој обид да се релативизира или ограничи тоа право е директен предизвик на уставниот поредок и нема да помине без одговор“ вели Ахмети