Скопје добива градски воз: првата линија од Зелениково до Транспортен центар функционална од септември

0
216

Првата делница од проектот „Градски воз“, на релација од Зелениково до Транспортен центар Скопје, долга 25 километри, ќе биде завршена до јуни годинава. Во текот на летото ќе следуваат тестирања, а линијата се очекува да биде пуштена во употреба од 1 септември.

 

 

Пребарај

МАКФАКС

МАКФАКС

 

МакедонијаСкопје добива градски воз: првата линија од Зелениково до Транспортен центар функционална од септемвриОбјавено пред 4 часа – 5 април, 2026Од М. А. / Макфакс

 

Првата делница од проектот „Градски воз“, на релација од Зелениково до Транспортен центар Скопје, долга 25 километри, ќе биде завршена до јуни годинава. Во текот на летото ќе следуваат тестирања, а линијата се очекува да биде пуштена во употреба од 1 септември.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека реализацијата на првата делница е во согласност со планираната динамика и во моментов се завршени околу 65 проценти.

Нашата цел е на 1 септември, со почетокот на школската година да почне да функционира „Градскиот воз“ на линија Зелениково, Драчево, Ново Лисиче, Аеродром, Нова железничка станица. Убеден сум дека ова многу ќе помогне во растоварување на сообраќајот, а исто така и во очекување на зимата и во намалување на загадувањето. За таа цел со Железници Транспорт интензивно работиме на обезбедување на дополнителни гарнитури на возови, затоа што ќе се зголеми сообраќајот и тоа проект кој што го работиме”, изјави вицепремиерот Николоски и додаде:

„Jaвното претпријатие Железничка инфраструктура доста напредува со проектирањето на другите две линии и работата оди побрзо од што беше планирано и очекувано. Очекуваме во текот на оваа година да се распише јавен повик односно тендер за двете делници заедно, што значи дека ќе го скратиме рокот на комплетно завршување на проектот Градски воз до крајот на 2027 година и ќе имаме три линии функционални. Во добра соработка со ЈСП ќе значи едно целосно растеретување на сообраќајот во градот. Ако на тоа се надоврзе и проектот БРТ веќе мислам дека во 2029 година ќе имаме целосно нова сообраќајна инфраструктура, кажа Николоски.