Со Б-категорија ќе може да се вози мотор до 125 кубици – еве ги условите

0
658

Собранието на вчерашната седница по скратена постапка го усвои Законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Со измените се овозможува лицата со возачка дозвола од Б категорија да управуваат мотоцикли со зафатнина до 125 см³, под услов да имаат најмалку 5 години возачко искуство, да се постари од 23 години и да ја поминат предвидената теоретска обука.

Законот ќе стапи на сила откако Министерството за внатрешни работи ќе ги пропише деталите за обуката и начинот на издавање потврди, со што официјално се отвора ново поглавје за љубителите на мотоцикли.

Предлог-законот беше поднесен од пратеничката група на ЗНАМ, со поддршка на пратениците од мнозинството.

Содржината на обуката, формата, содржината на потврдата и начинот на водење на евиденција за издадени потврди за посета на обуката ја пропишува министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена во рок од влегување на сила на овој закон. Автошколата ќе треба да ја издаде дозволата за посета на четири часа обука сообраќајни правила и прописи и го известува МВР.