10 секунди не делеа до смртта, сведочење за трагедијата во Пулс

0
87

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, преживеаните сведочеа за драматичните моменти на евакуација и хаосот што избувнал по активирањето на пиротехнички средства.

Сведокот Мартин Димитров раскажа дека огнот започнал околу 2:30 часот по полноќ.

Ја фатив девојка ми и ја истуркав заедно со другарка ѝ. На масата остана една девојка, не сакаше да излезе, и јас и нејзиниот дечко ја фативме за раката. Се истуркавме до излезот, каде што се заглавивме малку, и ако подзадоцневме 8-12 секунди, немаше да излеземе. Надвор беше хаос и имаше многу луѓе. Додека бев на првата скала, се свртев назад и сѐ беше темно, рече Димитров