АХМЕТИ БАРА ПОМОШ ОД ТРАМП И НАТО ПОРАДИ КАКО ШТО ПИШУВА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК

0
90

Лидерот на ДУИ Али Ахмети преку писмо ги информира светските лидери меѓу кои Доналд Трамп, Емануел Макрон, Урсула Фон дер Лајен, генералниот секретар на НАТО Марк Руте за политичките случувања во земјава и за загриженоста за отстапувањето од Рамковниот договор.

Во воведот, претседателот Ахмети го нагласува континуираното залагање на ДУИ за целосна имплементација на Охридскиот договор, изградбата на демократска и мултиетничка држава, како и евроатлантската интеграција на земјата. Тој изразува загриженост за најновите политички случувања што ги засегаат овие достигнувања, вклучително и укинувањето на „балансерот“ за правична и соодветна застапеност на заедниците, предизвиците во функционирањето на институциите што го спроведуваат Законот за употреба на јазиците и иницијативите за негово поткопување и оспорување пред Уставниот суд- информира ДУИ

Лидерот на ДУИ преку отвореното писмо бара континуиран ангажман и поддршка од меѓународните партнери за зачувување на достигнувањата од Охридскиот договор, зајакнување на стабилноста и унапредување на евроатлантската перспектива на Македонија.