Нашите деца не починаа од алкохол и дрога како што сугерира одбраната, реагираа родителите на загинатите во „Пулс

0
152

Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“, во изјава за медиумите реагираа на наводите на дел одбраната на обвинетите дека кај некои од жртвите во трагедијата имало присуство на алкохол и дрога.

„Со сериозна загриженост реагираме на изјавите на бранителката на еден од обвинетите во кои се тврди дека кај починатите имало присуство на алкохол, дрога и други психоактовни супстанции“,

рече Александар Наунов, татко на починатата Надица Наунова и претседател на Здружението „16 Март Кочани“.