Колку европски пари ќе изгуби Македонија!? Сали: Не заостануваме, но има закони кои нема да ги исполниме

0
132

Вицепремиерот и министер за евроинтеграции, Беким Сали смета дека предупредувањата на еврокомесарката Марта Кос и на европратеникот Томас Вајц дека Македонија ќе изгуби околу 50 милиони евра бидејќи не се исполнети обврските од реформската агенда се превентивни, со цел да се забрзаат реформите. Сали смета дека Македонија не заостанува во исполнувањето на овие барања и вели дека од 10 за 6 од нив се при крај. Сепак еден од оние кои се чини нема да биде донесен е Изборниот законик, за кој Сали рече дека е специфичен закон.

 

„Очекуваме во јуни да ги исполниме од 10-те точки кои се навистина критични и обемни, мора да признаеме дека се многу специфични и не случајно се останати така. Едно од специфичните точки е Изборниот законик на пример кој што бара поголем, поширок консензус, не можеме тоа да го направиме преку ден како Изборен законик само за да исполниме чекор затоа што износите кои што ги споменуваме се околу 4 до 8 милиони евра за секој чекор“, вели Сали