Собранието ги изгласа измените: техничката влада се укинува по следните избори

0
120

Собранието ги изгласа измените на Законот за Владата со 70 гласа „за“ и 11 „против“, информира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Според усвоените измени, укинувањето на техничката влада ќе се одложи и ќе стапи во сила по следните парламентарни избори

Милошоски преку објава информираше дека со овие законски измени се предвидува промена на досегашниот модел, но со временска одредница која го остава актуелниот систем да важи до наредниот изборен циклус.