Слободен печат: Министерот за здравство Азир Алиу спаси од ампутација бездомник без здравствено осигурување

0
134

Министерот за здравство Азир Алиу денеска спаси бездомник од можна ампутација на ногата. Човекот кого го сретнавме на улицата „Македонија“ на клупа спроти канцеларијата на Народниот правобранител, беше одминуван од сите, со голема и очигледна инфекција на левата нога која го оневозможува да се движи и да ја носи патиката на левата нога. Тој се согласи да даде изјава за „Слободен печат“ за голготата што ја поминувал во здравствениот систем кој ги игнорира најсиромашните и најранливите категории граѓани наспроти она што го налага Хипократовата заклетва.

Викнавме двапати Брза помош, тоа се случи пред 3-4 дена. Ми рекоа дека немаат возила и да одам во Ургентен центар, во ГОБ „8 Септември“ или во Градска болница. Каде може да одам јас, не можам да одам. Едвај се движам. Ајде си велам, ќе отидам до Градска болница. Имаше многу гужва. Се налутив, влегов, почнав да викам „луѓе ве молам помагајте, гледајте што се случува, спасете ме“. Ми рекоа дека не можат да ме примат, дека имаат многу пациенти и не можат да ме примат. И ситуацијата се влошува. Со хартија ја бришам крвта, ни рече тој.

Откако на повикувачкиот центар 112 се јавивме да побараме Итна помош, немаше реакција. Но, откако помогна министерот за здравство Азир Алиу, се појави екипа на Итната помош по негов налог и човекот беше пренесен на Ургентен центар при Клинички центар „Мајка Тереза“.

Преземено од Слободен печат