Овластување дадено на друг човек не го ослободува градоначалникот од одговорност. Таа работа не оди така. Не може Карпошани да гласаат за еден човек, а ВМРО-ДПМНЕ потоа да им поставува друг да ја води општината. Не може избран градоначалник да се крие зад партиски заменик, зад адвокати, секретари, супервизори и партиски штабови, а одговорноста да исчезне како ништо да не било. Шест месеци Карпош живее во целосен застој“ пишува на Фејсбук поранешниот градоначалник на општина Карпош – Стевчо Јакимовски по неофицијалните информации дека актуелниот градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски веќе ја напишал оставката од функцијата, но има притисок истата официјално да ја поднесе.
Home Вести Македонија Јакимовски: Карпош заслужува градоначалник, не мртов коњ – шест месеци општината е...









