Јакимовски: Карпош заслужува градоначалник, не мртов коњ – шест месеци општината е во целосен застој

0
122

Овластување дадено на друг човек не го ослободува градоначалникот од одговорност. Таа работа не оди така. Не може Карпошани да гласаат за еден човек, а ВМРО-ДПМНЕ потоа да им поставува друг да ја води општината. Не може избран градоначалник да се крие зад партиски заменик, зад адвокати, секретари, супервизори и партиски штабови, а одговорноста да исчезне како ништо да не било. Шест месеци Карпош живее во целосен застој“ пишува на Фејсбук поранешниот градоначалник на општина Карпош – Стевчо Јакимовски по неофицијалните информации дека актуелниот градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски веќе ја напишал оставката од функцијата, но има притисок истата официјално да ја поднесе.