Приведена е сопственичката на кравите во Крива Паланка. Таа повторно ги спречувала вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство да ги заловат кравите. Од МВР соопштуваат дека против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ова не е прв пат таа да биде приведена. Заедно со нејзината сестра и татко со месеци не им дозволуваат на полицијата и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство да ги одземат кравите кои со месеци прават штета на локалните жители.
За случајот отворен е и предмет во Обвинителството во Куманово но разрешница на случајот се уште нема, додека протестот на жителите за претрпените штети и закани од сопственикот на добитокот продолжуваат









