ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче на иста линија со Радев бара уставни измени

0
10

Признанија и пофалби за работа на Владата и напредокот на државата доаѓаат од повеќе функционери и претставници на земји членки на Европската Унија. Европски претставници како што е Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет и институции како Европската Комисија кои потврдуваат дека Македонија се развива и напредува во Реформската агенда, за што доби и најмногу финансиски средства од Планот за раст од земјите во регионот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Унијата со внимание ги следи реформите на македонската влада и истите ги поздравува, велејќи дека сме лидери во регионот, а само Венко Филипче е на иста линија со Румен Радев и велат единствена реформа за Македонија се уставните измени.

Со тоа Филипче ја продолжува веќе видената пракса на Зоран Заев, кој за власт се согласи на разни идентитетски отстапки и национални предавства, како што е промена на името, само за да дојде и подолго да остане на власт.

По долго време коленичење и поданост од страна на властите предводени од СДС, сега европските претставници кај македонската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, гледаат државнички пристап и сигурен партнер за соработка.

Голем дел европски претставници и на земји членки на ЕУ сметаат дека Македонија бележи видливи резултати и дека, после долги години чекање, заслужуваме гаранции и предвидливост на европскиот пат.

Но, Филипче како пиун на Радев и специјален пратеник на Бугарија не смета така. Оваа генерација на СДС предводена од Венко Филипче, покажува дека е нај мекото ткиво на Македонија, надминувајќи го и тоа на Зоран Заев.

Наместо да застанат заедно со Владата зад македонските национални и идентитетски интереси, тие се на иста линија до Радев во служба на Бугарија и спремаат уште едно поголемо предавство.

Додека Бугарија се обединува во цврст став по однос на Македонија, Румен Радев во државава си најде пиун по негова мера, Венко Филипче кој е подготвен да исполни се што ќе му побара без никаков приговор.

Затоа, го прашуваме Филипче и ова раководство на СДС, што уште сакаат да направат за да и наштетат на државата и да бидат запаметени како најголемите предавници во најновата историја на Македонија, веднаш после Заев и компанија.