Почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи

0
135

Рано утрово почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи на 60-годишна возраст. Од него се опрости и потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи Бујар Османи.

„Со тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Арсим Зеколи.

Арсим беше исклучително образован и начитан човек, со свое мислење кое не се двоумеше да го каже, без разлика дали тоа некому му се допаѓаше или не.

Често јавно ме критикуваше, но тоа не нè спречуваше да се среќаваме и со часови да разговараме за меѓународната политика, регионот и геополитиката.