Наместо скенирана сметка, добивате известување дека нема мрежна конекција. Веќе трет ден не функционира апликацијата „Мој ДДВ“. Ова година меркака, која е многу популарна кај граѓаните, постојано доживува проблеми и доцнење со исплата. Од УЈП се правдаат дека сето ова е поради технички проблем, без да наведат и други причини.
Граѓаните на социјалните медиуми коментираат и се жалат за постојаните проблеми, за доцнењата, и велат дека ова се случува скоро секогаш за време на викендите, а најчесто како пришина се коментира дека „државата нема пари“ .









