Јакимовски: Се уште не сум ја добил пресудата за затворската казна, ова е нарачка од премиерот Мицкоски

0
20

Одложување на затворската казна поради здравствени причини ќе побара поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, според информации на ТВ 24, откако Кривичниот суд објави дека тој мора да се појави во Затворот „Скопје“ на 2 јули за да започне со издржување на казната.

Јакимовски денеска на прес конференција побара од Судската власт да го разгледа повторно овој предмет, нагласувајќи дека сè уште ја нема добиено пресудата за истиот.

Апелациониот суд неодамна ја направи правосилна едногодишната затворска казна за Стевчо Јакимовски, во врска со случајот со изградбата на општински објект во Карпош. Сепак, тој нема да ја отслужи целата едногодишна казна, бидејќи неговата казна ги вклучува петте месеци поминати во притвор. Со ова, му остануваат уште околу седум месеци да отслужи во затворот Шутка. Во меѓувреме, Јакимовски предупреди дека ќе поднесе жалба и до Врховниот суд, каде што се надева дека ќе ја оспори конечната одлука.

Инаку, минатата година, во април, Кривичниот суд му досуди на Стевчо Јакимовски казна затвор од три ипол години во врска со градењето на административната зграда на општината. Тој беше осуден за две дела бесправно градење и злоупотреба на службената положба